Добродојдовте на e-auctionmarket.eu Логирање | Регистрирајте се сега
Изберете јазик
Ное 19, 2017 04:56:31
E-auction Market
Напредно Пребарување
За нас

Оваа е-аукција платформа, е-аукцијаберза е развиена во рамките на проектот Е-Аукција ”Развој на е-аукција берза за земјоделски производи во пограничната област” кој е поднесен под Мерка 1.1 “Економски развој” од Приоритетна оска 1. “Зајакнување на пограничниот економски развој” и е имплементиран под ИПА Пограничната Програма “Грција-поранешна југословенска Република Македонија 2007-20013” со севкупен буџет од 611.787,00 евра.

Водечки партнер на проектот е Грчко-Италијанската Стопанска Комора од Солун, со Комората од Кукуш и Грчко-Германската Стопанска Комора како партнерство од грчка страна и Фондација за Локален и ИТ развој-Гевгелија и Општина Кавадарци од македонска страна.


 

Општа цел на проектот е да ги поддржи локалните земјоделски производи и да го забрза преминот од традиционална понуда и маркетинг стратегии до модерни техники, запознавање со иновации преку оваа е-аукција платформа, целејќи да им помогне на локалните производители да ги исполнат побарувањата и да развијат нови дистрибутивни канали, во домашниот и глобалниот пазар.


 

По конкретно, целите на проектот за е-аукција се:


 

  • Евидентирање и групирање на локалните земјоделски производи, како и истражување и утврдување на нивните извозни аспекти( процеси, канали, извозни дестинации итн), утврдувајќи ги и локалните производи од пограничната област кои се познати дури и надвор од нивниот регион,

  • Развој и провизија на е-аукција платформата за корисниците со цел преговарање на дневна база,

  • Да ги задоволи побарувачката и набавката на продукти преку користење на пилот програмата од аукцискиот механизам,

  • Рационално претставување на земјоделските прозиводи од пограничната област,

  • Зајакнување и охрабрување на претриемаштвото во земјоделскиот сектор со активна подршка на локалните земјоделци и бизнис заедницата,

  • Зацврснување на промоцијата на бизнис заедницата во пограничната област и предложување на нови и реални очекувања за развој и

  • Задржување на локалната популација во руралните области, преку креирање на нови бизнис очекувања и преку поголемо вработување


 

Проектот е-аукција ги зајакнува капацитетите на локалните производители и предприемачи преку развој на е-аукција берза за олеснување на трансакциите на земјоделските производи, во и надвор од границите, како и преку серија на акции за зајакнување на бизнис иновациите и промоција на извозот во земјоделскиот сектор, како:


 

  • Развој на Акционен План за промоција на локални производи и услуги од земјоделскиот сектор, целејќи на зголемување на извозот, со акцент кон италијанскиот и германскиот пазар

  • Посебни подготвителни активности за локалните бизниси за промоција на нивниот извоз и иновации

  • Издавање на мултијазичен Водич со извозен и иновативен карактер

  • Организација на бизнис мисии

  • Учество на меѓународни саеми за земјоделскиот сектор

  • Организација на серии од заеднички информативни и јавни активности(Мултијазичен материјал за комуникација, весници, Инфо-денови и Роадшоу-а, Медиумска кампања, прес конференции итн) во целиот период на имплементација на проектот


 

Подај понуда за локалниот развој во твојата област. Заедничката берза за е-аукција е отворена за секој, што цели кон зајакнување на локалните производители во нивната дистрибуција на производството до поголем пазар на потенцијални потрушувачи, избегнувајќи ги непотребните трошоци од посредници, а со тоа и зајкнување на трговските врски помеѓу земјите учеснички. Интеграцијата на нов иновативен алат за локалните бизнис процедури ќе помогне на сегашната ситуација и идните очекувања за локалните произведители и предприемачи и презентација на локалниот бизнис сектор.


 

Проектот Е-Аукција е Европски Територијален проект за Соработка, имплементиран во рамките на ИПА Погранична Програма “Грција-поранешна југословенска Република Македонија 2007-2013”, кофинансирана од ЕУ и Националниот фонд од земјите учеснички.